Голем гест на голем клуб: Арсенал го спасува поранешниот премиерлигаш од целосен колапс

5107

Арсенал одлучи на интересен начин да му помогне на некогашниот англиски премиерлигаш Болтон.

Вондерерси, кои своевремено (2007. година) гостуваа во Скопје како противник на Работнички во УЕФА Купот и едвај успеаја да го минат нашиот клуб со вкупен резултат 2:1, денеска се наоѓаат во тешка финансиска состојба. Клубот е на работа на стечај, а сето тоа се чувствува на игрите на клубот кој го држи дното на табелата во Чемпионшип дивизијата.

Раководството на Арсенал на Болтон одлучи да му помогне на навистина интересен начин. Тие во 2016. година од Болтон го доведоа Роб Холдинг за 2,5 милиони фунти со дополнителни бонуси за настапи на овој фудбалер.

Така, Арсен Венгер добил наредба што е можно повеќе да го користи Холдинг со цел на Болтон да му бидат исплатени бонусите, а кои ќе значат многу за овој некогаш стабилен клуб во Премиер лигата.

Во меѓуврмее, газдата на Болтон Вондерерс, Кен Андерсон, наскоро ќе го продаде клубот на странски инвеститори и веќе одржал преговори за можна продажба и Болтон наскоро би можел да излезе од тешката ситуација.

Сепак, потегот на Арсенал, иако не е којзнае што, е нешто што ретко се гледа во современиот модерен фудбал и значи многу за клубот кој е пред колапс.

Од 2003 до 2007 беа постојано во топ 8 во Премиер лигата, нешто што им успеваше единствено на тимовите од „големата четворка“ Челзи, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Арсенал. Во 2007/08 клубот, во кој играа ѕвезди од рангот на Николас Анелка, Ел Хаџи Диуф, Блерим Џемаили, Гери Кејхил меѓу останатите, успеа да стигне и до осминафиналето во Купот на УЕФА, откако претходно во плеј-офот едвај го елиминираа Работнички со вкупен резултат 2:1.