Голем гаф на УЕФА: Објавија име на клуб кој не игра во ЛШ, а тие побараа нешто урнебесно

4304

Ждрепката за третото претколо во ЛШ беше одржано денеска во Нион, а по извлекувањето на двојките од страна на УЕФА, се увиде и на еден голем пропуст односно грешка.

На големиот екран се појави името на шкотскиот клуб Хиберниан, кој УЕФА го замени со екипата од Малта, Хибернианс, кој што игра против Салцбург во второто претколо.

Откако го видоа името на својот клуб во објавата на УЕФА, Хиберниан се огласи со урнебесен одговор.

Ви благодариме што не вклучивте во оваа фаза од натпреварувањето. Можете веднаш да не ставите во групната фаза?“, истакнаа од редовите на шкотскиот клуб.

Грешката веднаш беше исправена, со тоа што екипата од Малта, Хибернианс, веднаш го доби заслуженото место во оваа фаза од квалификациите.