Големо изненадување во составот на ПСЖ вечерва за гостувањето во Мадрид

1917

Тренерот на ПСЖ пред вечерашната мега пресметка со Реал во Мадрид, ќе направи една замена во одбраната, која сигурно ќе биде неочекувана за сите, па и за Реал Мадрид.

Најсилниот спортски медиум во Франција Лекип, пишува попладнево дека Емери се решил за стратегија без столбот на одбраната, Тијаго Силва, па на негово место ќе го игра младиот Кимпембе, кој ќе другарува со Маркињос.

Но како што потенцира и самиот медиум, Силва бил изненаден од ваквата одлука на Емери, но ја примил смирено и не направил поголема драма.

Но деновиве кои претстојат пред нас треба да дадат одговор на прашањето зошто во вакви клучни натпревари Емери го изоставува Силва од составот и зошто форсира млади играчи.

Младиот Преснел Кимпембе ретко кога и да играше оваа сезона, додека во француското првенство доби шанса на неколку натпревари.