Големи проблеми повторно ја потресоа фамилијата на Меси

611

Откако минатата година „конечно“ ги решија проблемите со данокот во Шпанија, сега излегоа на виделени нови проблеми за семејството на Меси.

Имено летово братот на Лионел Меси, Матиас имаше сообраќајна несреќа во родниот Росарио, по која што го уништи новото Ауди. Матиас тогаш се удри во камион, но за негова среќа помина без повреди.

Но на проблемите нема крај откако Матиас повторно успеја да го привлече вниманието врз себе и да ја стави фамилијата Меси повторно во небрано. Имено, братот на еден од најдобрите фудбалери на денешницата имаше нова несреќа, сега со својот брод со кој се заби во песочен гребен.

Матиас и овојпат се извлече само со полесни повреди, но судејќи според се, ќе има огромни проблеми со аргентинската полиција која му пронајде оружје на неговиот брод. Тој и претходно беше осудуван поради нелегално поседување на оружје, па сега може да добие уште поголема казна.