Големиот борец и повреден сака да игра во полуфиналето во одбрана на трофејот

631

Кошаркарот на ЦСКА Москва, Милош Теодосиќ, иако не е целосно подготвен за предизвиците кои ги носи Ф4 во Евролигата сезонава, тој сепак инсистира да игра во Истанбул.

Поради повредата која го мачи веќе извесен период, тој не беше дел од екипажот на ЦСКА во последните неколку меча од руското кошаркарско првенство, а неизвесно е дали докторите ќе му дозволат да настапи и во Евролигата, во одбрана на титулата.

Тео сака да игра на своја одговорност, иако сите во клубот знаеме дека не е целосно подготвен“, истакна тренерот на ЦСКА, Итуидис.

ЦСКА Москва во полуфиналето од Евролигата ќе игра со Олимпијакос, а првиот меч се игра утре во 17:30 часот.