Голема чест за „црвено-црните“: Четири ракометарки на Вардар со покана за настап во селекцијата на светот

480

Четири ракометарки на Вардар добија покана да играат за селекцијата на светот, што ќе биде водена од Мартин Амбруш, соопшти денеска скопскиот клуб. Натпреварот е планиран за 21 јуни во Прага во организација на ракометните федерации на Чешка и на Словачка.

Покана за настап на овој егзибициски натпревар добија Амандин лејно, Јованка Радичевиќ, Андреа Лекиќ и Камила Херем. Селекцијата на светот би одиграла натпревар против селекција на Чехословачка.

Натпреварот е закажан за втората половина на јуни со цел да завршат сите клупски и репрезентативни обврски на играчите.

loading...