Голема трагедија: Во пад на авион загина легендата на американскиот бејзбол

375
Утрово страшна вест пристигна од САД. Американската, но и светската спортска јавност е потресена од голема трагедија. Легендата на бејзболот, Рои Халадаи загина во својата 41. година од животот по пад на авион во Мексиканскиот залив.

Според пишувањата на тамошните медиуми, Халадаи пилотирал во моментот на падот на авионот кој се случил некаде околу 16 километри од брегот на Ст. Петерсбург на Флорида. Причините за падот на авионот, се уште не се познати.

Поранешниот играч на Торонто и Филаделфија се смета за еден од најголемите фрлаче на сите времиња. Прекарот му беше „Доц“ по легендата на Дивиот Запад, Доц Холидаи.