Големата награда на Монако му припадна на Фетел, еден-два победа за Ферари

848

Германецот Себастијан Фетел славеше на денешната трка за Големата награда на Монако, а Ферари има двојно славје по 90-ти пат во историјата.

Фетел на врвот дојде во 40-тиот круг кога го престигна клупскиот колега Кими Раиконен и повеќе не ја испушти првата позиција, со што дојде до нова победа сезонава, потврдувајќи ги амбициите на Ферари за враќање на врвот со новиот болид.

Финецот ја чуваше првата позиција која ја освои во квалификациите по прв пат од 2008. година, но таа предност не му беше доволно и кон средината на трката го предаде водството.

Разочарувачка трка имаше второпласираниот во генералниот пласман Луис Хамилтон, кој тргна од 14-та позиција, но во првата кривина напредуваше за едно место, до 30. круг уште едно, но откако ривалите завршија во боксот, успеа да дојде до шестото место, каде на крајот и заврши.

Третото место го освои Рикардо, кој најмногу му се закануваше на водечкиот двоец, но беше сигурен пред четвртопласираниот Ботас. Петтото место му припадна на Макс Верстапен.

Фетел дојде до третата победа во 2017. година, а следната трка е на 11-ти јуни во Монтреал за Големата награда на Канада.

loading...