Големата дилема на Барса: Кутињо за 130 или Озил за 20 милиони евра?

1336

Можноста да се донесе Месут Озил во јануарскиот преоден рок сериозно ги замисли челниците на Барселона.

Полека згаснува желбата за трансфер на Филип Кутињо, пред се поради високата отштета што ја бара премиерлигашот. Ливерпул не планира да се откаже од бразилскиот репрезентативец за помалку од 130 милиони евра, додека Озил може да дојде за околу 20 милиони.

Има и уште еден фактор кој може да одлучи кого ќе купи Барселона.

Кутињо оваа сезона играше за Ливерпул во Лигата на шампионите и ќе биде недостапен за каталонскиот клуб во ова натпреварување. Со Озил не е таков случајот. Тој со Арсенал игра во Лигата Европа, па може да и помогне на Барселона во пролетниот дел кога ќе се одлучува за титулата во елитното натпреварување. Меѓу другото, Германецот го нема овој трофеј, па сигурно со сите сили ќе се бори да го освои.

Проблем може да направи единствено Реал Мадрид кој има специјална клаузула од времето кога го продаде Озил на Арсенал. Во договорот е вметнато дека “кралскиот клуб” има рок од 48 часа да понуди поголема сума од онаа на Барселона и да го врати Озил во своите редови

На Реал во моментов не му е потребен Германецот, но може да направи се за да и ја расипе работата на Барселона.