Голден Стејт ќе го прекрши шампионскиот протокол за прв пат во новата ера на НБА

1691

Кошаркарите на Голден Стејт се нови шампиони во НБА лигата, откако ноќеска, по остварената 4. победа против Кливленд Кавалирс, се закитија со уште еден прстен.

Непишано правило во Америка е кога еден тим ќе стане шампион, оди на прием во Белата куќа кај актуелниот претседател, а Вориорси годинава треба да ги пречека ново избраниот претседател, Доналд Трамп.

Меѓутоа, кошаркарите на Вориорси едногласно одлучиле дека не треба да одат на прием кај новиот претседател.

Новинарот Шаун Кинг на Твитер сподели информација која излегла во јавноста, односно дека кошаркарите со анонимно гласање, решиле да избегнат посета на Белата куќа.

Воините пред две години кога ја освоија титулата, беа на прием во Белата куќа, и беа примени од Барак Обама, но сега не е познато што било пресудно за таква одлука кај кошаркарите да не одат на прием кај Трамп.