Голден Стејт знае да победува и со одбрана (ВИДЕО)

224

И кога не оди шутот, Голден Стејт знае да победува играјќи добра одбрана.

Ноќеска во Окленд гостуваше Мајами Хит, шампионот не ја помина границата од 100 поени, а сепак славеше убедлива победа (97:80). Тоа беше првпат Вориорс да не постигнат троцифрен број поени, но натпреварот беше неизвесен само до крајот на првото полувреме. Во третиот период Голден Стејт нагази на гас, поведе со 50:37 и тука беше крајот за Мајами.

Кевин Дурант со 21 поен беше најефикасен во редовите на Шампионот, Грин додаде 18, а Кари 16. Кај Мајами, Џејмс Џонсон беше најефикасен со 21 поен.

РЕЗУЛТАТИ
Г.Стејт – Мајами 97:80
Феникс – Бруклин 92:98
Атланта – Бостон 107:110