Голем удар за Хрватска, Модриќ се повлекува

945

Фудбалската репрезентација на Хрватска останува без еден од најдобрите поединци. Лука Модриќ одлучи да се повлече од националниот тим, а неговта одлука е последица на случувањта во судскиот процес со првиот човек на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ.

Имено Модриќ го смени првобитниот изказ пред судот, по што стана мета на навреди во родната земја, а досега имаше и неколку јавни закани по неговиот живот.

Тоа е компликувана ситуација, но мојата совест е чиста. Морам да го чекам епилогот на судскиот процес, а во меѓувреме сум сконцентриран на случувањата во Реал Мадрид“ – изјави Модриќ во интервју за еден шпански медиум.

Повлекувањето на Модриќ ќе биде голем удар за хрватите со оглед на тоа дека тој е еден од најдобрите играчи за врска на светот.