Ги премина сите граници: Реал славеше титула во ЛШ, Роналдо си пееше сам на себе (ВИДЕО)

3513

Не е првпат Кристијано Роналдо да си ги припишува на себе заслугите за успесите на Реал Мадрид, но општо е мислењето дека со она што го направи синоќа ги помина сите граници.

Иако е меѓу најзаслужните за триумфот на Реал во Лигата на шампионите, Роналдо не можеше да издржи и на прославата почна да си пее “Златна топка” самиот на себе.

За волја на вистината, скандирањата ги почнаа навивачите, а Португалецот преку микрофон продолжи со нив. Потоа се вклучија и другите фудбалери.

Навистина “скромно” од страна на Роналдо.