„Гипсарите“ со второ засилување зимава: Дарко Стојанов е нов играч на Ренова

624

Тетовскиот прволигаш Ренова продолжува со промените во својот тим во пресрет на пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, откако од денеска официјално има уште еден нов играч во тимот.

Нов фудбалер на „Гипсарите“ е 27-годишниот Дарко Стојанов, досегашниот фудбалер на велешки Борец, ќе биде засилување за одбраната на Ренова во продолжението од сезоната и би требало да биде решение за проблемите на тетовци кои есенва ја имаат втората најлоша одбрана во првенството со 29 примени гола на 18 натпревари.

Дарко Стојанов има големо искуство на прволигашката сцена во Македонија, со оглед на тоа дека претходно настапуваше и за Брегалница и Хоризонт Турново, една сезона беше дел од Вардар, а краток период настапуваше и за Дунав Русе од Бугарија.

Стојанов е второто засилување за Ренова оваа зима, откако претходно ги обезбедија услугите на Дејан Цветаноски од Победа.