Германската сензација пред колапс: Останува без историската Лига на шампиони!?

5102

УЕФА се наоѓа во незавидна ситуација. Германски РБ Лајпциг и австриски Ред Бул Салцбург, чиј сопственик е компанијата Ред Бул, со своите игри на теренот го осигураа пласманот во Лигата на шампионите. Германците по првпат во историјата би требало да заиграат во елитното натпреварување и тоа директно во групната фаза, додека Австријците како прваци на оваа земја ќе играат во квалификациите.

Сепак, двата клуба се најдоа под истрага на УЕФА бидејќи имаат иста сопственичка структура, што европската федерација не го дозволува. Иако нема директни работни поврзаности помеѓу двата клуба, на УЕФА и е јасно дека најголемиот финансиер на двата клуба е Ред Бул.

Во тој случај еден клуб не би можел да игра во Лигата на шампионите, а по редот на нештата тоа би требало да биде Лајпциг бидејќи Салцбург е во предност како првак на својата земја, додека Германците завршија на второто место во Бундеслигата, зад Баерн. УЕФА смета дека ниту едно физичко или правно лице не смее да има истовремено влијание во тие два клуба кои во минатото имаа таков однос преку позајмици на играчите и соработка на сите нивоа.

Затоа ќе биде интересно да се види што на крајот ќе се случи и дали сензационалниот Лајпциг ќе остане без историското учество во најсилното клупско натпреварување веднаш откако оваа сезона дебитираа во Бундеслигата.

Исто така, ако тоа се случи, во Херта се надеваат дека ќе добијат голем подарок. Клубот од Берлин воочи последното 34. коло се наоѓа на петтото место. Ако Лајпциг мора да игра во Лигата на Европа, за Лигата на шампионите би се отворил простор за првиот следен клуб по Баерн, Борусија Дортмунд и Хофенхајм кој не би играл квалификации, туку директно би влегол во Лигата на шампионите, па Херта преку плеј-офот на лето би се обидела да дојде до групната фаза од натпреварувањето.

Од друга страна, може да се случи УЕФА да им даде време на двата клуба, односно на Салцбург, и да види дали австрискиот првак ќе успее да се пласира во Лигата на шампионите во квалификациите. Ако успее во тоа, тогаш Лајпциг сигурно нема да добие шанса во ЛШ, но доколку Салцбург биде елиминиран во квалификациите за ЛШ и притоа обезбеди пласман во Лигата на Европа, тогаш Лајпциг би си го добил заслуженото место во Лигата на шампионите.

Се на се, интересни денови се пред нас, но и пред УЕФА, од чија одлука стравуваат во германскиот клуб.

loading...