Гази Вардар: „Шест од шест“ во СЕХА лигата!

635

Европскиот првак Вардар викендов не игра натпревари од Лигата на шампионите, но ја продолжи серијата во СЕХА лигата.

“Црвено-црните” дојдоа до шестата победа во регионалното натпреварување откако славеа на гостувањето кај Целје со 31:28. Веројатно никој не очекуваше поинаков епилог иако Словенците се покажаа како жилав ривал и и до крајот на натпреварот беа во игра за изненадување.

Целје беше првиот тим кој се одлепи, водеше со 5:3, потоа и со 6:4, но Вардар не дозволи поголема негатива. Една серија од 3:0 го однесе нашиот тим во водство од 10:8, Целје израмни на 12:12, но Вардар замина на одмор со предност од 16:13.

Во второто полувреме бранителот на титулата отиде и на +5 (18:13), Целје намали на 20:22 за потоа да почне играта гол за гол. Во 52. минута домаќините се доближија на 25:26, но со два гола на Карачиќ и еден на Чупиќ нашиот тим ја запечати победата.

Дибиров и Шишкарев постигнаа по шест гола, а Вардар дојде до 18 бода во СЕХА лигата.