Вујошевиќ направи хаос во Партизан

687

Актуелниот селектор на Босна и Херцеговина, Душко Вујошевиќ ја блокираше сметката на Партизан поради неподмирени долгови кои клубод од Србија ги има кон него.

Вујошевиќ со доста успех го водеше Партизан, но кога последен пат ја напушти клупата на тимот од Белград, му останаа должни. Поради ова, сега „црно-белите“ не може да регистрираат нови кошаркари поради забрана од кошаркарскиот арбитражен суд.

Партизан на Вујошевиќ му должи 113.000 евра. Српскиот стручњак кон крајот на минатата година го доби спорот со кој Партизан има обврска да ги плати сите побарувања кои ги има нивниот поранешен тренер.

Откако тоа не го стори клубот, пристигна нова суспензија. Вујошевиќ на Партизан му даде уште седум дена да го подмири долгот, но и овој период помина, а сметката е блокирана што значи дека решение на кризата и хаосот во Партизан се уште не се гледа.