Вујошевиќ го објаснува култниот момент со давењето на Богдановиќ

847

Трофејниот тренер на Партизан од минатото и актуелен селектор на кошаркарите на БиХ, Дуле Душко Вујошевиќ, објаснува зошто всушност во минатото се случил моментот со давењето на Богдан Богдановиќ.

Вујошевиќ освен тоа, направи паралело и со она што пред неколку дена го направи Жељко Обрадовиќ кога шамареше свој кошаркар во Фенербахче.

Се разбира дека не оправдувам такво однесување, но такви работи во кошарката се случуваат. Што се однесува до Богдановиќ, игравме против ФМП во „Хала на спортовите“ затоа што Пионир беше зафатен. Тоа беше важен натпревар за нас, се сеќавам дека имаше драма на полувреме, имавме негатива. Меѓутоа, успеавме да го свртеме резултатот со нашата енергија од клупата“.

На Богдан прво судиите му досудија две лични грешки, кои сепак беа крајно сомнителни, но тој доби и петта, и беше доста бесен. Тој реагираше бурно, протестираше, гестикулираше незадоволство, по што му досудија и техничка. Тоа се случуваше на метар или два од мене, а потоа се случи тоа што се случи. Да беше малку подалеку од мене, такво нешто немаше да се случи. Но како и да е, секогаш ми е мило кога некој кошаркар ќе успее во кариерата, исто и со Богдан, се надевам дека ќе биде уште подобар кошаркар“, потенцира Вујошевиќ.