Вујошевиќ беше бесен на мечот со Македонија – настрада и кошаркарот на БиХ (Видео)

2910

Селекторот на репрезентацијата на БиХ, Душко Вујошевиќ, повторно се најде во центарот на вниманието на вчерашната средба против Македонија во Скопје.

Тој беше исклучително нервозен на неколку негови кошаркари, па соодветно на тоа, реагираше во свој стил.

Вујошевиќ му се нафрли на младиот Анмар Гедиќ, кој порано го заврши натпреварот. Откако тој направи лична грешка, Вујошевиќ плејмејкерот го извади од игра, па потоа го исфрли од натпреварот.