Вујовиќ смета дека Хрватска со Червар догодина ќе биде златна

884

Ракометарите на Словенија и Хрватска, одиграа без победник (26:26) во пријателска средба.

Хрватска беше во константно водство цел натпревар, но неколкуте промашувања и непризнаениот гол на Игор Карачиќ, доведоа до тоа да има егал ситуација и да нема победник на оваа средба.

Червар обвини дека противникот одиграл доста грубо, додека Вујовиќ ги пофали Хрватите дека имаат тим за златен медал идната година.

Ние игравме добро, а противникот прилично грубо. Имаа 2-3 тешки прекршока, за црвен картон. Мислам дека најтешко настрада Мандалиниќ кој доби по носот. Се надевам дека ќе игра на следниот натпревар“, истакна Червар.

Додека од друга страна Вујовиќ призна дека сакал да го дезориентира Циндриќ, кој одиграл на висина на задачата.

Се обидов да го деконцентрирам Лука, но секако не успеав во тоа. Лука игра на висина на задачата, и тој моментално и сигурно е еден од најдобрите тројца играчи. Одлично се распоредени, тие за мене се прв фаворит за освојување на златото. Не само затоа што се домаќини на ЕП, туку што имаат доста добри играчи. Циндриќ е вистинско чудо“, констатира Вујовиќ.