Вујовиќ: Македонија е во еуфорија, мисли дека може до медал – медиумите и прават голем притисок

2508

Сениорската машка ракометна репрезентација на Македонија вечерва со натпреварот против Словенија од 19:30 часот во Загребска Арена, го почнува настапот на своето петто Европско Првенство.

Предводникот на нашите противници и добро нас познат Веселин Вујовиќ пред вечерашната пресметка даде интересна најава и очекување:

„Ги читам медиумите во Македонија, тие се во еуфорија и мислат дека може да стигнат до медал. Односно на нивните медиуум ќе им направе преголем притоски. Ако се случи нешто од она што не го очекуваат, ќе има голем пад“, изјави Вујовиќ.

Во продолжени може да ја погледнеце целата изјава на актуелниот словенечки селектор:

Veselin Vujović najavio meč sa Makedonijom!

Veselin Vujović najavio meč sa Makedonijom!

تم نشره بواسطة ‏‎Balkan-Handball.com‎‏ في 13 يناير، 2018

Последниот натпревар против селекцијата на Словенија, нашата репрезентација го одигра пред точно една година, кога во средбата од групната фаза на Светското Првенство во Франција, загубивме со 29-22. Последниот меѓусебен дуел на овие две селекции на Европските Првенства се случи во јануари 2012 година, кога Македонија славеше со 28-27 во борбата за петтото место.