Вучиќ: Никоје не ме контактирал – за Вардар слушнав од медиумите

808

Последните неколку дена од одредени медиуми, како можно ново засилување на Вардар се спомнува левиот бек на српски Земун, Немања Вучиќ. Сепак овој фудбалер демантираше откако истакна дека тој не е контактиран од никој, а за Вардар слушнал само од пишувањата на медиумите.

„Никоје не ме контактирал, за Вардар слушнав од медиумите, не сум запознаен за ништо друго“, изјави Вучиќ.

Според српските медиуми, за услугите на овој млад Србин сериозен интерес има тимот на Војводина кој ќе сака да го доведе зимава во Нови Сад.