Втора титула за „триколорите“: Франција ги расплака Бразилците среде Коритиба

1345

Европскиот првак Франција по вторпат ја освои Светската лига во одбојка откако ноќеска, во финалето, славеше против Бразил со 3-2 (21-25, 25-15, 25;23, 19-25, 15-13).

Финалето се играше на фудбалскиот стадион “Арена де Бајшада” во Коритиба пред 23 илјади гледачи кои на крајот останаа расплакани поради поразот на својата репрезентација. Титулата на Франција дополнително добива на значење ако се знае дека ова е последно издание на Светската лига со ова име бидејќи идната година ќе го смени во Нова одбојкарска лига и ќе се игра со нов формат. Освен двете титули, “триколорите” имаат еден сребрен и еден бронзен медал. Од друга страна, Бразил не успеа да дојде до десеттата титула и остана на деветте, заедно со шест сребрени и четири бронзени медали.

Најзаслужен за трофејот на Франција е најголемата ѕвезда на тимот, Ервин Нгапет кој оствари 29 поени, а Стефан Бојер додаде 18, Кај Бразил, Волис де Соуса и Рикардо Лукарели постигнаа по 22 поени.

Третото место во Светската лига го освои Канада која го совлада најголемиот ривал САД со 3-1. Покрај титулата, на репрезентацијата на Франција и припадна и еден милион евра.