Времето лета – кошарката се уште го сеќава маестрото од Шибеник (ВИДЕО)

1417

Годините минуваат, но историјата останува испишана. Пред точно 24 години европската, па и светска кошарка, го загуби талентираниот Дражен Петровиќ.

Еден од најдобрите, а веројатно и најдобар кошаркар во Европа, пред кој стоеше голем успех и фантастична кариера, загина во сообраќајна несреќа онаа кобна 1993 година, настап кој скрши многу кошаркарски срца на балканот, во Европа, но и во НБА лигата.

Денешните генерации можат од социјалните мрежи да ги следат мајсториите на овој кошаркар од Хрватска, играч кој дури и во НБА доби пофалби, каде настапуваше неколку сезони. Тој во НБА лигата настапуваше во тимовите на Њу Џерси Нетс и Портланд Блејзерс.

Дражен беше вистински пример за спортист и кошаркар, кој за жал го нема меѓу живите без малку две ипол децении.

Многу од постарите генерации, го сеќаваат и по натпреварот во кој тој постигна преку 100 поени.