Враќање во Мексико, Валенсија го напушта Островот

976

Фудбалерот на Вест Хем, Енер Валенсија, премина во мексиканскиот клуб Тигрес.

Валенсија (27) по три сезони го напушти лондонскиот клуб за кој одигра 66 натпревари и постигна 10 голови. Деталите од договорот не се наведени.

Валенсија дојде во Вест Хем 2014. година по добрите игри за Пачука и репрезентацијата на Еквадор на Светското првенство во Бразил.

За време на престојот во Вест Хем имаше проблеми со повредите, а минатата сезона ја помина во Евертон, за кој постигна три гола во 30 натпревари.