Во Шкендија задоволни: Лош почеток, но одлично второ полувреме

492

Шкендија одигра одличен натпревар во квалификациите против финскиот претставник ХЈК, кој го победија со 3:1, и си направија чекор поблиску до следната фаза.

На Шкендија е сега да го доработи започнатото на гостувањето во Финска, па веруваат во стручниот штаб на „црвено-црните“ дека ова ќе биде доволно за да го заверат пласманот во следната фаза.

Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ќатип Османи, истакна дека е задоволен од прикажаното на оваа средба.

Не го стартувавме најдобро натпреварот, а примивме многу евтин гол. Сепак, вториот дел беше одличен за нас. Играта беше стабилизирана, постигнавме голови и може да се констатира дека сите сме задоволни од играта на оваа средба“, истакна Османи.

Головите за Шкендија ги постигна Бесарт Ибраими.