Во Челзи го слушнаа она од што стравуваа – најдобриот фудбалер одби да го продолжи договорот

2508

Неколку години наназад, најдобар фудбалер на Челзи е Еден Азард, белгискиот виртуоз кој ги држи сите конци на теренот во екипата од Лондон.

Азард сезонава има 8 гола и 6 асистенции во 19 натпревари. Неговиот тековен договор со Челзи е со важност до 2020 година, а Абрамович веќе му понуди нов според кој би заработувал 13.5 милиони евра годишно. Со ова би станал најплатениот играч во историјата на клубот.

Сепак се остварија стравувањата откако Азард одби да потпише нов договр. Познато е дека тој флертува со Реал Мадрид каде што има желба и се гледа како наследник на Кристијано Роналдо.

Азард притоа одбил и да седне на маса за преговори околу евентуално продолжување на договорот со Челзи што е доста симптоматично. На продолжување на договорот како примарна цел го постави и тренеро Антони Конте, но сепак засега тоа е тешко и како што стојат работите, недостижно.

Реал Мадрид од друга страна уште летово ќе се обиде да го ангажира Еден на „Сантијаго Бернабеу“, што нема да биде лесна задача иако Флорентини Перез е подготвен да плати и 100 милиони евра.