Во „Фудбал менаџер“ од сега играчот може да биде и геј

394

Во новото издание на популарната игра „Фудабл менаџер“ може да се случи некој од играчите да ја открие својата хомосексуална страна.

„За овој дел се одлучивме бидејќи навистина постојат геј фудбалери. Поради големиот број играчи знаеме дека мора да постојат професионалци кои се хомосксуалци, но не сакат да се откријата. Мене тоа ми е чудно, но тоа во фудбалот се уште е проблеми, па ние решивме да покажеме на луѓето дека тоа не е толку страшно. Мислам дека е лудо во 2017 година, луѓето да на бидат она што сакат“, изјави директорот на играта, Мајлс Џејкобсен.

Фудбалерите кои што се геј на новата верзија „Фудбал менаџер“ не се вистински фудбалери, туку станува збор за измислени фудбалери кои се појавуват откако ветераните ќе ја завршат кариерата. Нешто што им е познато на сите кои што ја играле оваа игра.