Во Звезда сонуваат дека традицијата ќе продолжи: Каде е Антиќ, таму е и фајнал-фор во Евролигата!

959

Дали успешната серија на Перо Антиќ ќе продолжи? Во Црвена Звезда сигурно сонуваат за такво нешто.

Враќањето на Перо Антиќ се покажа како полн погодок за Црвена Звезда. Како што одминува сезоната, белградските „Црвено-бели“ играат се подобро, а улогата на нашиот Антиќ во тимот е се позначајна.

На оваа тема интересен коментар даде и Тадија Драгичевиќ, некогашниот кошаркар на Звезда, кој гостуваше во една емисија на „Арена Спорт“.

„Каде е Перо, таму е и фајнал-форот. Зад него е одлична кариера, дури и во НБА. Тој многу допринесува во оваа екипа.

Голема е разликата кога него го нема на теренот и кога игра. Неговата поддршка за младите играчи многу значи, а игра одлично, навистина“, потсети Драгичевиќ и на трите освоени титули во Евролигата за Антиќ – две со Олимпијакос и една со Фенербахче минатата сезона.

Токму денеска тој ќе игра против својот поранешен клуб во 13. коло од Евролигата.