Војна пред финалето од АБА лигата: Хрватите во жесток напад на Звезда

642

Хрватските медиуми ја почнаа војната пред почетокот на финалната серија од АБА лигата меѓу Цедевита и Црвена Звезда.

Причина за нападот против српскиот првак е суспензијата што АБА лигата му ја изрече на тренерот на Цедевита, Вељко Мршиќ кој нема да може да го води тимот во првите два натпревари од серијата. Според медиумите во Хрватска, во изрекувањето на оваа казна, свој придонес имал и првиот човек на Звезда, Небојша Човиќ. Војната почнала уште лани кога раководството на Цедевита одлучи сите пари од евролигашкиот дуел против Звезда да се донираат за Вуковар. Тогаш одреагира и токму Човиќ.

“Не мислам дека е тоа нормално, но кога ќе се види од кого доаѓа и колку Хрватите имаат фрустрација од Србија и Звезда, не ме чуди. Нема да наседнеме на провокациите”, изјави Човиќ.

Цедевита вчера објави соопштение во кое истакна дека ја прифаќа казната од АБА лигата и нема да се жали.