„Воините“ газат: Трипл-дабл на Кари за 14-0 на Голден Стејт (ВИДЕО)

659

Голден Стејт е на само два чекори од нова шампионска титула во НБА лигата откако ноќеска го совлада Кливленд со 132:113.

Сега, Вориорс водас со 2:0 и им требаат две победи за втора титула во последните три сезони. Се чинеше дека Кливленд има сили да направи брејк, но потона во второто полувреме, а домашните кошаркари го искористија тоа за нов триумф.

Натпреварот го доби ударното трио на Голден Стејт: Кари-Дурант-Томпсон кое постигна 87 од вкупно 132 поени на својот тим. Најдалеку отиде Кари кој заврши со трипл-дабл од 32 поени, 11 асистенции и десет скока, Дурант беше најефикасен со 33 поени и 13 скока, додека Томпсон заврши со 22 поени. Трипл-дабл оствари и Леброн Џејмс со 29 поени, 14 асистеции и 11 скока, но повторно изостана помошта од другите кошаркари. Кевин Лав беше одличен со 27 поени и седум скока, а потфрли Ирвинг кој иако постигна 19 поени, имаше шут од поле 8/23.

Серијата сега се сели во Кливленд кој е домаќин на следните два натпревари и нема право на кикс. Третиот меч на програмата е ноќта среда кон четврток во три часот по полноќ.

https://www.youtube.com/watch?v=MC5oKb6QRgQ