ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Мотоциклист загина во Кина по жесток удар во ѕид

965

Британскиот мотоциклист Даниел Хегерти загина денеска од последица на повредите здобиени по излетувањето од патеката на трка во Кина.

Во шестиот круг од Макао Гран при, Хегерти ја загуби контролата над својот мотоцикл, удри во бариерата покрај патеката, а од силината на ударот му испадна кацигата и доживеа тешки повреди. Толку тешки што почина на патот кон болницата.