Вознемирувачка повреда за фудбалерот во Англија: Кои се последиците?! (Видео)

2347

Џонатан Хог, играчот за врска на англискиот второлигаш Хадершфилд, синоќа доживеа тешка повреда на вратот во средбата против Бристол.

Хог на самото отворање на мечот имаше непријател судар со капитенот на својот тим, Марко Хадсон. Непријатно ја удри главата во телото на овој фудбалер, па остана да лежи на земја и беше очигледно дека со него нешто не е во ред.

Лекарскиот тим за среќа брзо реагираше. Дури 14 минути траеше прекинот за да му се укаже помоѓ на несреќниот фудбалер кој брзо беше префрлен во болница, а Хог во овој судир доживеа навистина тешка повреда на вратот.

„Јонатан го чекаат дополнителни испитувања. Има тешка повреда на вратот и веројатно ќе биде долго надвор од терен. Не ни е воопшто лесно по сево ова“, истакна менаџерот, Давид Вагнер.