Вистина или шпекулација: Германски весник добил драгоцена информација за Шумахер

3227

Семејството на Михаел Шумахер се уште верува во чудо, дека нивниот член од фамилијата, може целосно да се опорави од тешките повреди кои си ги нанесе пред четири години, при скијање на француските алпи.

Фановите на седумкратниот Ф1 шампион исто така постојано се интересираат за информации поврзани со нивниот долгогодишен миленик, но секогаш наидуваат на „ѕидот на молкот“, односно на малку информации, кои скоро и да не нудат ништо.

Но според германските медиуми, тие добиле информација од близок човек до семејството Шумахер, дека фамилијата на Германецот се уште се надева на најдобриот исход од сето ова.

Корина и децата и понатаму остануваат оптимисти дека ќе се случи медицинско чудо. Михаел добро напредува со оглед на околностите“, открил близок пријател на Корина и Михаел за весникот Bunte.

Германецот се опоравува од тешките повреди во неговиот дом во Швајцарија, опкружен од платена армија обезбедување и тим на лекари, кои во истата вила или резиденција, имаат сопствени соби, од каде можат 24/7 да ја следат ситуацијата на Шумахер.