Вимблдон ќе има нов шампион, елиминиран првиот носител Енди Мареј

462

Американскиот тенисер Сем Квери приреди вистинска сензација денеска на Вимблдон, откако во четвртфиналето го елиминираше бранителот на трофејот и прв светски рекет Енди Мареј. Миленикот на домашната публика во Лондон, не успеа да ги мине годинава најдобрите осум.

Публиката на Централниот терен следеше вистинска борба во првите три сета. Иако Мареј беше поблиску до победа, Квери одигра фантастично за израмнување, а потоа во пет сета на крајот се радуваше американскиот тенисер кој славеше со 3:6, 6:4, 6:7, 6:1, 6:1.

По пет сета четвртфиналето го мина и Милош Раониќ кој го елиминираше Жил Милер. Токму Канаѓанецот ќе биде противник на Квери во полуфиналето.