Вилијан Жозе даде четири гола, па ги теши: Не е Вардар слаб, ние сме многу јаки

249

Реал Сосиедад славеше убедливо во Скопје против Вардар со 0:6, а четири погодоци беа дело на бразилскиот напаѓач Вилијан Жозе.

По завршувањето на натпреварот, напаѓачот на баскискиот тим го пофали Вардар, истакнувајќи дека не бил слаб противник, туку дека неговиот тим едноставно одиграл перфектно.

„Среќен сум што дадов четири гола за Реал Сосиедад, особено што тоа се случи во Лига Европа. Знаевме каков тим е Вардар и со каков квалитет располага, затоа игравме внимателно и максимално сконцентрирано, не остававме простор за противникот. Исто како што игравме против Барселона во Примера, игравме и против Вардар во Скопје. Вардар навистина не одигра лошо, едноставно ние бевме пресилни и супериорни во секој поглед. Кога играме вака победуваме и многу посилни ривали од Вардар“, изјави Жозе.