Викендов се игра последното коло од квалификаците за ЕП во ракомет, Македонија утре ја пречекува Чешка

513

Викендов ќе биде комплетирана листата на патници на Европското првенство во ракомет чиј домаќин следната година е Хрватска.

Македонија својата судбина ќе ја решава на домашен терен утре вечер, кога во “ВИП Арената“ гоства селекцијата на Чешка,која веќе обезбеди пласман на завршицата, но тоа никако не значи дека ќе влезе опуштено во последниот квалфикацикси дуел.

Тоа е така бидејќи комбнации има многу. Чесите иако во моментов се лидери доколку загубат во  Македонија, а Украина слави со Исланд ќе паднат на третатта позиција, но и натаму одат на ЕП како најдобро трето пласирана селекција. Постојат уште неколку варијанти во најнеизвесната група во квалификациите за континенталниот шампионат, но целата јавност посакува победа на Македонија во Скопје, со што настапот на првенството кое ќе се одржи на почетокот од идната година  во Хрватска би бил обезбеден.

Досега пласман на шампионат покрај домаќинот Хрватска обезбедија уште и Данска, Унгарија, Франција, Шпанија, Германија, Шведска, Белорусија и Србија.

Европското првенство во ракомет за мажи ќе се одржи од 12 до 28 јануари 2018.година во четири градови: Загреб, Сплит, Пореч и Вараждин.