ВИДЕO: Евра најавува нов почеток – ја сакам оваа игра, се враќам посилен од кога и да е!

463

Францускиот фудбалер веројатно не е опседнат премногу од отказот и суспензијата кои му ги натоварија на врат поради неговата брзоплетост, па реши малку да се забавува.

Олимпик Марсеј пред неколку дена соопшти дека му го прекинува договорот на споменатиот фудбалер, поради притисокот кој се создаде и се наметна преку медиумите и нивните сопствени навивачи.

Евра со нога удри навивач во кунг-фу зафат, а тоа беше доволно за тој да биде дисквалификуван, и буквално протеран од Марсеј. За Евра не беше проблем да добие и суспензија од УЕФА, па реши малку да се олабави од сеопштиот притисок кој е врзан зад неговото име.

Додека бара нов клуб, тој реши да се забавува и да ги забавува фановите на социјалните мрежи, нешто што му е хоби последните неколку месеци.

Тој денеска објави видео на кое се гледа како тој се подготвува за нови предизвици со спартански тренинзи, туркајки џип.