(Видео) 100 дена до започнувањето на ЗОИ

59

Со обележувањето на 100 дена до Зимските олимписки игри, Еуроспорт го објави првиот во низата кратки филмови од серијата Sport Explainer. Започнуваме со скелетон.

60 секундното видео од кое застанува здивот е поделено на три дела- бодување, основи и броеви- и со технологијата на проширена реалност и податоци има за цел да ги едуцира гледачите. Ова е повик за сите да го следат овој возбудлив спорт во текот на зимската сезона и секако на Зимските олимписки игри.

Sport Explainer видеото нуди фацинантен увид во самата дисциплина, на гледачите им објаснува како натпреварувачите во скелетон ги држат главите на само 5 см од ледот за да постигнат оптимален ритам, а нивната брзина на стазата достгнува до неверојатни 146 км/ч.

Секој момент од машкото и женското натпреварување во скелетон од Зимските олимписки игри во Пјонгјанг, љубителите од Европа* можат да го следат на 15,16 и 17 февруари на Еуроспорт и Еуроспорт плеер.

Sport Explainer видеото за скелетон е првото во низа од 100 кратки филмови кој Еуропорт ги креираше за подобро разбирање на зимските спортови.

https://www.facebook.com/Eurosport/videos/10156752504879745/