(Видео) Џон Вол со дабл-дабл ја „уби“ Индијана, „Биковите“ ги срушија „Келтите“ во последната секунда

430

Вашингтон и Чикаго забележаа победи во пресрет на Ол-стар викендот.

НБА лигата полека влегува во Ол-стар еуфорија, па синоќа се одиграа само два натпревари во најквалитетната кошаркарска лига на светот пред тридневната пауза поради ревијата на сите ѕвезди во Њу Орлеанс. Но, далеку од тоа дека беше неинтересно…

Чикаго Булси во својот „Јунајтед центар“ успеаја да го совладаат Бостон Селтикс со 104:103 во интересен меч кој за малку не заврши на продолжение. Булси до триумфот дојдоа од линијата за слободни фрлања и тоа откако Маркус Смарт го фаулираше Џими Батлер (29 поени) на секунда пред крајот на мечот. Кошаркарот на домаќините тој подарок не го одби, ги погоди двете слободни фрлања и обезбеди победа за Чикаго.

Боби Портис влезе од клупата кај Чикаго и додаде 19 поени, со осум скока и беше втор најдобар поединец зад Батлер. Кај Селтикси како по обичај најдобар беше Ајзеа Томас со 29 поени и седум асистенци. Залудно што Томас синоќа испиша историја за Бостон бидејќи стана првиот кошаркар на овој тим кој постигнал на 41 натпревар во низа 20 или повеќе поени, тоа не беше доволно за триумф на Селтикси.

Вашингтон Визардс повторно ги имаа расположени Џон Вол (20 поени, 12 асистенции) и Бредли Бил (19 поени) кои пружија стандардни партии, а и Маркиф Морис (21 поен, седум скока) се истакна со солиден допринос во триумфот над Индијана со 111:98. Без оглед на тоа што Вол дојде до деветтиот последователен дабл-дабл, статистички најдобар поединец во редовите на гостите беше Ото Портер Јуниор со 25 поени и осум скока, кој шутираше 6/10 од дистанца и беше заслужен за четвратата победа во низа на Вашингтон.

На спротивната страна Пол Џорџ и Мајлс Тарнер уфрлија по 17 поени, но бидејќи останатите не можеа да ги следат, Пејсерси се помирија со шестиот пораз во низа во сезоната.

loading...