ВИДЕО: Џинот Марјановиќ го имаше најкраткото деби во НБА – но со посебна мисија

2886

Српскиот џин Бобан Марјановиќ синоќа за прв пат се појави во дресот на ЛА Клиперс, но во една дефанзивна улога.

Тој сигурно го имаше најкраткото деби за еден клуб во НБА лигата, а тоа е сигурно настапот во ЛА Клиперс.

Предводникот на ЛА Клиперс, Док Риверс, се реши во игра да го вметне џинот од Србија на нецела секунда до крајот, или 0.7, при нивно водство со +3.

Српскиот кошаркар имаше дефанзивна улога на „попречувач“ кој не смее да дозволи брзо додавање и евентуална тројка на натпреварот за изедначување.