ВИДЕО: Ѓуровски погоди за Бангкок во поразот од новиот шампион на Тајланд

234

Тимот на Бангкок Јунајтед за кој што настапува македонскиот интернационалец, Марио Ѓуровски во претпоследниот сезонски меч од Првата лига на Тајланд забележа пораз.

На домашен терен, тимот од престолнината во 33. коло е поразен со 1-3 од веќе новиот првак Бурирам.

Нашиот интернационалец Ѓуровски беше стрелец на единствениот и почесниот гол за Бангкок Јунајтед на денешниот меч.

Голот на Македонецот е на временски исечок од 5:10…

Highlights: Bangkok United vs Buriram United

เกมในบ้านนัดสุดท้ายในฤดูกาลนี้ของ แบงค็อก ยูไนเต็ด โดยพ่ายให้กับ บุรีรัมย์ ยูไนเต็ด ทีมแชมป์ของปีนี้ไป 1-3

تم نشره بواسطة ‏‎Bangkok United FC‎‏ في 12 نوفمبر، 2017

 

На едно коло пред крајот на сезоната, Ѓуровски со 17 гола е на 8. место на листата на најдобри стрелци. Убедливо на првото лидерско место е соиграчот на Марио, Црногорецот Бошковиќ кој има 37 гола.