ВИДЕО: Шарапова доби „животна понуда“ на сред меч во Турција

3330

За време на егзибиционистичкиот турнир кој се одржа во неделата во Турција, на мечот помеѓу Марија Шарапова и Кагла Бујукачкај, се случи една интересна сцена.

Руската тенисерка во подготовки за следната сезона, доби една интересна понуда кога беше на сервис, еден од навивачите силно извика „Марија, ќе се омажиш ли за мене?“, со што придонесе за урнебесни реакции на Синан Ердем спортскиот центар.

Поранешната светска тенисерка број 1 тоа го прифати со доста хумор и преправајки се дека размислува, по неколку секунди одговори „можеби“.