(ВИДЕО) Четата на Милевски пред целосен дебакл: Македонија убедливо губи од Австрија на полувреме

371

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година во моментов го игра квалификацискиот натпревар со Австрија, меч на кој ни е неопходна победа за да се вратиме во трка за една од првите две позиции во групата.

Австрија дојде во водство веќе во 12. минута преку Јакуповиќ.

Во 26. минута Хонсак зголеми на 2:0.

Лајмер во во 36. минутапо една мешаница погоди за убедливи 3:0.

Сепак, наместо тоа, Македонија во моментов на полувреме губи од Австрија со преубедливи 3:0 и веќе се покажува дека оваа селекција на Милевски можеби не го поседува капацитетот кој го имаше претходната генерација, иако во тимот имаме играчи како Елмас, Ѓорѓев, Селмани, Чешмеџиев, Костадинов, играчи кои имаат искуство и кои играат стандардно, без разлика дали станува збор за странски или домашни клубови.

Уште сега е јасно дека ќе мораме да се помириме со тоа дека Македонија во овој циклус нема да го повториме успехот на генерацијата на Барди, Николов, Бабунски, Велковски и останатите, па селекцијата ќе треба да се воигрува за следниот циклус, односно полека шанса да добива идната генерација.

Но, спортски е да се надеваме дека Македонија ќе направи чудо во второто полувреме и можеби ќе дојде до пресврт и голема победа. Сепак, како играа избраниците на Милевски во првото полувреме, прашање е дали ќе постигнеме и гол…