(ВИДЕО) Циркус во Србија: Тргна да изведува корнер, а навивачите го гаѓаа со снежни топки!

1065

Вчера во рамките на српската фудбалска Суперлига се одигра натпреварот помеѓу Чукарички и Земун, на кој домаќините славеа со 4:1.

Но, мечот го одбележа однесувањето на гостинските навивачи од Земун. „Таурунум Бојс“, како што се познати жестоките и контроверзни навивачи на Земун, при еден корнер кој тргна да го изведе фудбалерот на Чукарички, Никола Дринчиќ, почнаа да го гаѓаат со снежни топки.