ВИДЕО: Циндриќќќќќќќ…. Вардар е во финалееееее: Голот на Хрватот број 1 за 2017 година

1929

Европската ракометна федерација (ЕХФ) комплетираше топ30 најдобри голови во ЛШ за актуелната 2017 година, а таму број 1 беше голот на Лука Циндриќ од Вардар, во полуфиналето против Барселона.

Можат да се видат повеќе атрактивни погодоци поради кои публиката беснееше на трибини, а меѓу останатото, во топ30, место има и за головите на Дејан Манасков на мечот против Кјелце, како и клучниот погодок за европска круна на Вардар, голот на Чупиќ против ПСЖ во последната секунда од финалето.