ВИДЕО: Хјустон ја демолира Јута – Портланд оствари победа против Оклахома

183

Кошаркарите на Портланд Блејзерс победија на домашен терен против Оклахома Тандерс со резултат 103:99, што може да се каже како едно од изненадувањето на вечерта во НБА.

Домашната екипа од почетокот заигра подобро, додека гостите се обидуваа да сторат нешто повеќе во втората четвртина и да се вратат во вистински правец. На полувреме Блејзерси заминаа со два поени предност, а на крајот остварија победа.

Најдобар играч на Блејзерси беше Лилард со 36 кошеви и 13 асистенции, додека кај Оклахома Тандерс најдобар беше Џорс со 27 поени.

Од останатите натпревари:

Орландо – Бостон 88:104
Торонто – Вашингтон 96:107
Хјустон – Јута 137:110
Сан Антонио – Феникс 112:95
Њујорк – Индијана 108:101
Минесота – Шарлот 112:94
ЛА Лејкерс – Мемфис 107:102.