(ВИДЕО) Хрватските кошаркари ги прават најглупавите грешки на годината во НБА лигата

483

Хрватските кошаркари правеа вистински глупости во последната вечер од НБА лигата.

Легендарниот Шекил О’Нил си најде две жртви од овие простори за својата емисија посветена на најсмешните случки во НБА лигата, наречена „Shaqtin a Fool“.

Првата жртва е Марио Хезоња чија желба беше на атрактивен начин да асистира за завршување на акцијата, но само го уништи противнпаадот на својот тим во мечот против Детроит Пистонс.

Втор е Дарио Шариќ кој направи голема глупост откако неговиот соиграч Ембид намали на само три поени разлика на девет секунди до крајот во мечот против Портланд. Тој се обиде да му засмета на Јусуф Нуркиќ при изведувањето на топката под кошот, но се занесе до толку што завлезе во просторот кој е наменет за Нуркиќ и доби техничка грешка. Портланд го искористи едното слободно фрлање и дојде до победата.