Видео: Хаотична ситуација во БиХ: Судијата и играчите се испаничија поради играч кој падна во безсознание

821

Во Бјелина, Босна и Херцеговина денеска се одигра првенствен натпревар на тамошните екипи Радник и Младост во рамките на 17. коло од тамошната Премиерлига.

Иако немаше голови, на оваа средба се случи една голема драма на теренот. Фудбалерот Славиша Радовиќ по еден дуел со противникот, падна и застана на теренот, па остана статичен на земја, што предизвика моментална паника и драма.

Играчите од двете екипи веднаш натрчаа до повредениот играч, а Радовиќ неможеше да го продолжи натпреварот па беше изваден од игра.