(Видео) Хаос на натпревар во Кина: Оскар „полуде“ и предизвика инциденти на теренот

2478

Поранешниот фудбалер на Челзи во бес направи глупост, хаосот ескалираше многу брзо.

Гванжу РФ го пречека тимот на Шангај СИПГ. Натпреварот заврши со резултат 1:1, но наместо головите и убавата игра, истиот го одбележаа грдите сцени од крајот на првото полувреме.

При резултат од 1:1, поранешниот фудбалер на Порто и Зенит Хулк, кој заедно со Оскар ги брани боите на екипата од Шангај, тргна во продор по десната страна, го мина првиот чувар, но не успеа и вториот, по што топката дојде до Оскар.

Тој очигледно изнервиран намерно ја шутна топката во еден од играчите на противничката екипа, топката повторно се доби до него, а тој повторно го направи истото.

Домашните фудбалери полудеа во тој момент, тргнаа да се пресметуваат со Бразилецот, кој по првиот контакт заврши на земјата и започна да се превиткува во болки.

Епилогот од ситуацијата беше по еден црвен картон за играчите на двата тима, Оскар мина неказнето.

loading...